ПРАВНИ ОБЛАСТИ
Корпоративно право
Нашето разбирање е дека основната улога на корпоративниот адвокат е да им обезбеди правни насоки на клиентите во однос на нивните права, обврски и одговорности. Правните лица се основани според закон, најчесто заради вршење на деловни активности. Правото на трговските друштва покрива широк спектар на правни прашања што ги засегаат друштвата и другите регистрирани субјекти. Овие прашања може да бидат доста комплексни бидејќи истите се предмет на сложени регулативи. Ние сме тука за да се погрижиме друштвата и другите регистрирани да бидат усогласени со прописите, фокусирајки ја својата енергија на деловните активности.
Спојувања и превземања
Спојувањата и превземањата можат да создадат стратешка предност и нова вредност на вашиот деловен потфат, без оглед на тоа дали целта е проширување на портфолиото на услуги, да се постигне раст или да се поттикне синергија преку спојување со друга компанија. Тука сме на засегнатите страни кои размислуваат во правец на спојувања, превземања и заеднички вложувања да им помогнеме во донесување на одлуката и да ги водиме низ процесот.
Заштита на конкуренцијата
Законот за заштита на конкуренцијата (Competition Law) опфаќа поширок опсег на активности од кога било досега, од класични концентрации, вертикални и хоризонтални договори, до трансакции во е-трговија и управување со податоци, до дигитални содржини, мрежи за селективна дистрибуција или диверзификација на продукти. Со оглед на тоа што регулативите за заштита на конкуренцијата се прилагодуваат на динамиката на пазарот што се развива ширум светот, бизнисите мора да се справат со нови ризици и пречки за да се усогласат со регулаторните барања.
Решавање спорови
Со својот мал но агилен, добро информиран и снаодлив тим, подготвени сме да се справиме дури и со најсложените предмети со брзина и ефикасност, во рамките на законите и правосудната пракса. Нашиот примарен фокус е да им се помогне на клиентите во решавањето на виталните деловни предизвици, користејќи превентивен пристап за минимизирање на ризиците.
Работни односи
Пазарот на трудот минува низ брзи трансформации, поттикнати од различни фактори како што се економски раст или падови, технолошки напредок и појавата на дигиталната економија. Како резултат на овие промени, новите регулативи и новите барања и од вработените и од работодавачите односот работодавач-вработен станува се покомплексен.
Заштита на личните и деловните податоци
Бидејки константно се движиме кон поголема дигитализација, големиот обем на податоци што може да ги поседува една организација е запрепастувачки, што резултира со значителен пораст на правните и деловните ризици. Приватноста, заштитата на податоците и користењето на информациите се предмет на обемна законска регулатива. Законот за заштита на личните податоци е прилично комплексна материја.