ИНДУСТРИИ
Енергетски сектор
На Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија и структурата на енергетски пазар, влијаат различни комерцијални, технички, географски и геополитички фактори како и сложената регулаторна средина, Законот за енергетика и правилата на РКЕ. Пејсажот на секторот дополнително се обликува со зголемената потреба за енергетска сигурност и стабилност на цените, како и промоција на производството на зелена енергија. Како резултат на тоа, традиционалниот енергетски сектор е сведок на нови можности и иновативни случувања.
Низ годините стекнавме сериозно искуство во енергетскиот сектор. AI LEGAL MK застапува еден од најважните играчи кои работат на пазарот на струја, акционерско друштво кое е фирма ќерка на голема енергетска компанија во регионот. AI LEGAL MK ја правно ја советуваше оваа компанија од процесот на превземање, преку преобразба од ДОО во Акционерско друштво, па се до секојдневното корпоративно работење.
Фармација и ПЗО
Фармацевтските компании и приватните здравствени организации се соочуваат со зголемената сложеност на регулаторните предизвици што го отежнуваат одржувањето на усогласеноста со регулативата, додека истовремено ги имплементираат иновациите и се обидуваат да останат конкурентни. AI LEGAL MK обезбедува специјализирани правни советодавни услуги на водечките фирми во фармацијата и ПЗО. Со текот на годините стекнавме сериозно искуство во фармацевтскиот сектор. Повеќе од 10 години AI LEGAL MK застапува и претставува една од најголемите фармацевтски компании во светот присутна преку нејзината локално друштво регистриран во Северна Македонија.
Угостителство
AI LEGAL MK е позната по својот опсег на компетенции, интердисциплинарно знаење и значително искуство во индустријата за угостителство, храна и пијалаци. Нашата експертиза и на локално и на меѓународно ниво нè издвојува, овозможувајќи ни да понудиме разновиден опсег на правни услуги. AI LEGAL MK има забележително искуство од 2018 година наваму во советување на еден од најпознатите светски брендови во индустријата за брза храна присутен на македонскиот пазар.